Минатата недела во Цирих, SwissCham MK беше дел од дводневна меѓународна размена организирана од Switzerland Global Enterprise (S-GE), заедно со претставници на SwissCham од целиот свет.
Сесиите беа посветени на унапредување на извозот, инвестициите и поддршката за настап на меѓународните пазари, при што беа споделени значајни сознанија за тоа како Швајцарските стопански комори можат дополнително да ги унапредат своите услуги и да обезбедат уште поголема поддршка за швајцарските компании кои истражуваат можности за настап на нови пазари.
Искрено му благодариме на целиот тим на S-GE за топлото добредојде и вредната размена на искуства. Со нетрпение очекуваме да ги надградуваме овие контакти, да ја продлабочуваме меѓународната соработка и да создаваме нови можности за нашите членови.

