Сања Радовановиќ

Портрет на Сања Радовановиќ

Потпретседател

Генерален директор

Mediterranean Shipping Company (MSC) Скопје

Сања Радовановиќ е Генерален директор на Mediterranean Shipping Company (MSC) Скопје и професионалец со над 20 години искуство во областа на логистиката, поморскиот транспорт и меѓународната трговија. Во текот на својата кариера активно придонесува за поддршка на македонските компании во нивниот развој и за зајакнување на поврзаноста на Северна Македонија со глобалните трговски текови.

Својата кариера ја започнува во Interliner Agencies, каде што ги поставува темелите на своето професионално искуство во меѓународната логистика и трговија. Потоа се приклучува на MSC, каде што е дел од тимот уште од отворањето на канцеларијата во Скопје и активно учествува во нејзиниот развој и позиционирање како еден од водечките играчи во транспортната и логистичката индустрија. Денес, MSC е најголемата контејнерска бродска компанија во светот и значаен двигател на глобалната трговија.

Радовановиќ е дипломиран економист на Економскиот факултет во Скопје, на насоката Меѓународна трговија. Има завршено повеќе професионални обуки од областа на продажба, менаџмент и лидерство, вклучително и MSC Академија, глобална програма за развој на лидерски и менаџерски вештини, како и специјализирана лидерска програма на Queen’s University во Канада.

Како силен поддржувач на развојот на женското лидерство, активно учествува во глобалната менторска програма на MSC „Inspiring Women“, каде што менторира жени на менаџерски позиции од различни земји и придонесува за развојот на нивните професионални и лидерски капацитети.

Покрај својата корпоративна улога, Радовановиќ е активно вклучена во развојот на бизнис заедницата во Северна Македонија и во промоцијата на вредностите на швајцарското стопанство, меѓународната соработка и одржливиот економски раст, како Потпретседател на SwissCham North Macedonia.