Како да станете член

Станете дел од SwissCham North Macedonia и приклучете се на деловна заедница посветена на зајакнување на економските и деловните односи меѓу Швајцарија и Северна Македонија.

Најбрзиот начин да се зачлените е да ја пополните пристапницата онлајн. Постапката подолу ја опишува алтернативата на хартија, за компаниите што претпочитаат потпишан и печатиран документ.

Процесот за зачленување на хартија се состои од следните чекори:

1. Пополнете ја пристапницата

Пополнете ги сите задолжителни полиња во пристапницата со точни и ажурирани податоци за компанијата или организацијата и за назначениот претставник.

2. Доставете ги потребните документи

Кон пополнетата пристапница потребно е да ги приложите следните документи:

  • тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од три месеци;
  • потпишана изјава за прифаќање на условите на SwissCham North Macedonia;
  • други документи или информации, доколку дополнително бидат побарани во текот на постапката.

3. Испратете ја апликацијата

Пристапницата и потребните документи испратете ги на swisscham-mk@swisscham-mk.com.

4. Разгледување и одобрување

Апликацијата се разгледува во согласност со Статутот и правилата на SwissCham North Macedonia. Комората може да побара дополнителни информации или документи доколку е потребно.

Апликантот ќе биде известен за одлуката преку контакт-податоците наведени во пристапницата.

5. Плаќање на членарината

По одобрувањето на членството, Комората издава фактура за соодветната годишна членарина.

Членарината се плаќа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на Република Северна Македонија, во рок од 30 дена од издавањето на фактурата.

За компании што пристапуваат во текот на календарската година, членарината се пресметува пропорционално за преостанатите месеци, согласно Правилникот за членарина.

Подготвени сте да се приклучите?

Станете дел од заедница што поврзува компании, споделува знаење и создава можности за долгорочни деловни партнерства.