Најновите трендови во фриго логистиката- ексклузивна работилница во Гевгелија

На 22 април 2026 година, во хотелот Paint It Black во Гевгелија, се одржи Reefer Master Class – ексклузивна двочасовна работилница посветена на најновите трендови и практики во фриго логистиката. Настанот ќе понуди и практични решенија и совети за успешно справување со клучните предизвици во синџирот на снабдување, специфични за нашиот регион и за фриго-контејнерите. 

Работилницата беше наменета за компании што извезуваат замрзната храна, овошје и зеленук и сите извозници кои користат dry контејнери и сакаат да ја подобрат својата логистиката.

Работилницата имаше за цел да пренесе практични сознанија и да ги приближи најдобрите практики за управување со температурно-контролирани товари, технологијата на фриго-контејнерите и правилните поставки за температура, вентилација и влажност.

Учесниците добија практични совети за зачувување на квалитетот на производите низ целиот синџир на снабдување, како и информации за потенцијални извозни пазари и ценовни услови.

Дискусијата и едукацијата од областа на фриго логистиката се од суштинско значење за конкурентноста на македонските извозни компании.

Меѓу презентерите на настанот беа:

Љиљана Лукиќ – MSC Србија, призната експертка која ќе ги сподели своите богати и професионални искуства и знаења

Драган Ивановски – началник на Одделение за царинска тарифа, потекло и царинска вредност на стока од Сектор за царински систем.

Работилницата беше организирана од Швајцарската Комора на Северна Македонија, со поддршка и во соработка со швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и MSC Mediterranean Shipping Company – Скопје.