Почитувани,
Со особено задоволство ве покануваме да го резервирате датумот за првото издание на „Global Trade & Growth Forum 2026“, во организација на SwissCham North Macedonia.
📅 27 октомври 2026 година
📍 Hotel Marriott, Скопје
Форумот ќе обедини претставници на деловната заедница, државните институции, меѓународните организации и експерти од земјата и странство, создавајќи платформа за размена на знаење, искуства и нови можности за соработка.
Во фокусот на настанот ќе бидат глобалната трговија, конкурентноста, инфраструктурата, регионалната поврзаност и одржливиот економски раст, водени од принципите на квалитет, доверба и долгорочно партнерство.
Local Strength. Global Impact.
Ве молиме резервирајте го датумот.
Повеќе информации за програмата, говорниците и регистрацијата ќе следуваат наскоро.

